Петар Печков
Објавено: сабота, 22 мај 2021
Во населба Чашка беше реализирана крводарителска акција, која организаторот Општинскиот Црен крст Велес, ја оценува како успешна. Собрани биле 28 крвни единици, од нив петмина биле првократни дарители.
„Акцијата добива на успешност ако се има во предвид дека во овој период од годината има многу земјоделски работи со кои се зафатени граѓаните од Чашка, но и ова е период во кој има масовна вакцинација па дел од имунизираните не можат да даруваат“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО н Црвен крст Велес.
Акцијата е реализирана со помош на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а се одржа во училишната сала на ОУ „Тодор Јанев“ од Чашка.
Tweet |