речник контакт

Во августовската акција за прибирање габаритен отпад, собрани 140 м3

Велешани најмногу од домовите исфрлале стар мебел

Петар Печков

Од 15 до 19 август се реализираше акцијата за собирање на габаритен отпад од територијата на град Велес. Преку најава до  надлежните служби, граѓаните исфрлале повеќе предмети, кои веќе не се корисни и не ги употребуваат.

„Со акцијата за габаритен отпад собрани се 140 м3 отпад. Велешани најмногу исфрлале стар мебел од домовите“ - соопштија од ЈКП Дервен.

ЈКП Дервен како давател на услугата, должен е еднаш годишно. да организира акција за собирање на габаритен отпад од корисниците на услугата, согласно Одлуката на Советот на Општина Велес, за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад.

Доколку граѓаните имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, од локалната власт  апелираат до граѓаните  да не го оставаат на јавните површини, до контејнерите за отпад туку да се воздржат до организирање на акцијата за собирање на овој вид на отпад.

Следната е најавена за крајот на овој месецов, од 26 до 30 септември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »