Петар Печков
Објавено: недела, 11 ноември 2018
На 11-та крводарителска акција организирана од мото клубот ,,Носачи на крстот,, од Велес, заедно со Општинската организација на Црвен крст Велес како и Заводот за трансфузиона медицина од Скопје се собраа 137 крвни единици. Од нив 9 се нови дарители, 111 се мажи и 26 се жени. Собраните крвни единици во период од шест часа, организаторите ги оценуваат како висока бројка и голем интерес од страна на велешани.
Ова е меѓу поуспешните акции со што се покажа хуманоста на нашите членови но и на сограѓаните а по повод Денот на Општината 9-ти Ноември. Благодарност до сите нив - рече д-р Горан Јовиќ претседател на мото клубот ,,Носачи на крстот,,. Акцијата се одржа во Ликовниот салон и беше дел од настаните со кои се одбележува општинскиот празник. Најуспешна крводарителска изминатите девет години е таа од 2013-та кога се собраа 177 крвни единици а минатата година беа собрани 112.
Tweet |