речник контакт

Во велешката касарна одбележан Денот на АРМ

Награди за сработеното и смотра на наоружувањето

Петар Печков

18-ти август Денот на Армијата на Република Македонија беше одбележан во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман. На свеченоста беа доделени награди признанија и повисоки чинови на најуспешни припадници на АРМ.

Честитајќи им го Денот на АРМ на сите припадници командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Костовски меѓу другото истакна дека низ годините Армијата со сета чест, достоинство и професионалност го продолжува вековниот сон на сите македонски херои кои се бореле за праведност, слобода и подобра иднина. Тој потсети на  24-те илјади жртви кои ги дадоа животите  на олтарот на слободата во НОВ и дека не смееме да дозволиме нивните имиња да паднат во заборав.

Командата за обука и доктрини следејќи го процесот на трансформација на АРМ,претрпи структурални промени со кои се прилагоди на дадените услови. Денеска Командата за обука и доктрини претставува расадник на индивидуално оспособен персонал за новите предизвици, рече полковник Љупчо Костовски

Во рамки на прославата во хангарите на гарнизонот, на бројните гости им беше презентирано дел од оружјето,возилата и воената опрема со кои се опремени Единиците на АРМ од гарнизоните во Македонија. Претходно се оддаде почит на загинатите борци од НОБ на спомен Костурницата во Велес каде се положи цвеќе.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »