Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 октомври 2021
Четиринаесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко и осумнаесет оздравени. Ова се податоци од здравствениот билтен за изминатите 24 часа а ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 347 пациенти.
Во велешка Болница има починато двајца пациенти, едниот е жена од Велес на 83 годинашна возраст и пациент од Свети Николе на 63 години. И двете лица биле позитивни на ковид-19. Со ова бројот на починати лица од велешко, поради последиците на корона вирусот достигна до 199.
Во велешка Болница во трите ковид одделенија хоспитализирани се 65, од кои 53 се потврдени позитивни,еден е сомнителен и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 30 пациенти. На Инфективно одделение згрижени се 37, нa Интерно седум и во Модуларната болница 21.
Tweet |