Петар Печков
Објавено: вторник, 10 август 2021
Во велешко 37 отсто од населението е вакцинирано барем со една доза вакцина , заштита од квоид-19. Ова е бројката која Министерството з а здравство ја објави попладнево.
Или во велшко досега вакцинирани и со прва доза се 19.673 лица а втора доза примиле 14.232 лица. Со ова жители на поширокиот велешки регион, каде влегуваат и општините Градско и Чашка е над републичкиот просек кој изнесува 32,3 отсто.
За илустрација, под Центарот за јавно здравје Велес се и општините Гевгелија со 51 отсто, Кавадарци 50,3, Неготино 47,9 или овој регион има највисок одѕив во земјава.
Еве каква е состојбата со процентот на вакцинација во поголемите градови. Битола -46,3, Прилеп-35,7 , Охрид -48,1 Струмица- 23,1, Тетово -22,9, Куманово- 23,7, Штип -43,1, Скопје - 34,3, Кочани -31,1.
Во тек е и вакцинација на лица над 16 годишна возраст и од Министерството за здравство велат дека за нив не е потребно закажување.
Tweet |