речник контакт

Во велешко, нови 49 случаи со ковид-19

Трет ден по ред вкупно хоспитализирани во трите ковид одделенија од велешка Болница се 66 пациенти

Петар Печков

Нови 49  случаи на ново заразени жители на велешко со ковид-19, само седум оздравени, изминатите 24 часа, регистрираше Министерството за здравство. Бројот на активни случаи  329 лица.  Починати нема.

Трет ден по ред вкупно хоспитализирани во трите  ковид одделенија од велешка Болница се 66 пациенти. Hа Инфективно  се згрижени 48, на  Интерно  четворица и на Физикално 14. Потврдено позитивни се 54, и по шестмина се  непотврдени    и негативни но со потреба од болничка нега.

„Ново примени се шест, а испишан се петмина пациетни со по  еден негативен тест. Еден пациент е трансферирани од Интерно на Физикално како позитивен. На кислородна поддршка се 26 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »