речник контакт

Во велешко бракови се помалку, разводи се повеќе

Лани во Велес имало склопени 327 бракови а 40 разводи. Критични се од 5-та до 9-та година во бракот, кога има најмногу разводи.Каква е состојбата во соседните општини во Градско,Лозово,Чашка

Петар Печков

Бројките покажуваат дека во Велес се склучуваат се помалку бракови. Така лани во Велес имало склопени 327 бракови. Во 2015-та имало високи 364 а во 2014-та  344 брака. Идентична е тенденцијата и во соседните општини. Градско во 2015-та имало  28, во 2014-та 31 брак, во Лозово 14 во 2015-та, и 20 во 2014-та, додека  во  Чашка во 2015-та имало 35 а во 2014-та дури 48 склопени брака.  

3а истиот период –лани   за Велес имало  40 разводи,  во Градско  4, а во  Лозово 1 и  Чашка  по еден.   Бројките покажуваат дека најкритични се од 5 до 9-тата година од бракот, кога лани во Велес се развеле 12 брачни пара. 

Споредбено со претходните години, во 2016-та немало така висок број разводи, оти во 2015--та  имало 70 а во 2014-та  38. Слично е и во соседните општини. Градско имало по три разводи во 2015-та и 2014-та, Лозово  по 2 во 2015-та и 4 во 2014-та, додека во општина Чашка во 2015-та имало 8 развода а во 2014-та 4.     

   Склучени бракови од 2006- 2016:  

376 331 388 346  371  358  366  359   369   344  364 327

  Разведени бракови 2006-2016:  

32  19   32    33      14    32   24    37     28     38    70   40

Користени се податоци од Државниот  завод за статистика   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »