Петар Печков
Објавено: среда, 28 октомври 2020
Нови 38 лица, од велешко се позитивни на ковид-19 , оздравени има двајца, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Со ова бројката на активни случаи во велешко се искачи преку двестотни и брои 213 лица.
Вкупно заразени досега се 584 пациенти, оздравени се 343. На Инфективно одделение има 28 жители на Велес, 180 се на домашно лекување, две родилки се на ГАК и тројца се на приватна клиника во Скопје.
Деновиве имаме бројни случаи на лица над 20 години кои се позитивни, едно тричлено семејство, едно двочлено семејство. Нема ученици, иако имаме многу млади ново заразени. Нема правило ,нема место кое може да се посочи дека е извор зараза - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Од Општа Болница Велес информираа дека кај нив се хоспитализирани 43 пациент, четворива се сомнителни, 39 се потврдено позитивни а 14 пациенти се на кислородна поддршка.
Tweet |