речник контакт

Во велешко денес повеќе оздравени 31, отколку ново заразени 27, со ковид-19

Активни се 687 случаи

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес објави дека денес, петок, има  27  ново заразени  лица со кoвид-19 во велешко или  вкупно  2.154 .

Оздравени се  31 пациент  или  вкупно досега  1.328. 

Активни се 757  случаи,  687 се на   домашно лекувње, шест  во приватни клиники во  Скопје и еден пациент е во торако васкуларна клиника.   

Во велешката Болница  хоспитализирани се 61  пациенти, од кои 50 се потврдени позитивни, седум  сомнителни и четири  пациенти со негативни тестови а со здравствени проблеми.  Од хоспитализираните  25 пациент е на кислородна поддршка.

На Инфективно  одделение се сместени 52 пациент, на  Физикално пет  и на Интерно четири.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »