речник контакт

Во велешко има семејни жаришта на ковид зараза, во Чашка, Горно Оризари и Башино село

Состојбата е стабилна и има осетно намалување во однос на пред еден месец. Во здравството има случаи во Здравен дом и мал број на ученици и наставници во образованието

Петар Печков

Состојбата со ковид заразата во велешко е стабилна, бројот на заразени опадна во однос на податоците пред еден месец и повеќе. До вчера во велешко имаше  260 активни случаи на заразени со корона вирусот а во болница до денес напладне се 22 пациенти.

Граѓаните треба да останат внимателни и во следните месеци, за да не се случат некои несакани работи. Бројките на ново заразени не се во корелација со ниту една фабрика, текстилен погон, туку се мали семејни кластери. И тоа во блиски населби, Горно Оризари, Чашка и Башино село.  Од почетокот на пандемијата до сега во Велес се регистрирани 3056 позитивни на ковид–19. Од нив 2.692 се оздравени а 262 се уште активни. Како последица на ковид–19 во градот починаа 102 лица - кажа градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција, откако претходно Општинскиот кризен штаб ја одржа 32-та седница.

Во однос на здравствените установи во Велес има регистрирани пет случаи и тоа три доктори и две медицински сестри oд Здравен дом, во Хигиенски немало случаи, додека од велешка Болница кажале дека бројката е мала, но не прецизирале колку случаи има. Не кажале ниту колку униформирани полицајци од ПС Велес се заразени со ковид-19. Немало случаи во ЈКП Дервен и во средношколскиот Интернат, во Општина Велес имало еден позитивен и еден во изолација.      

Во училиштата има пет случаи на позитивни ученици, еден во основно и четири во средно образование и 35 во изолација, 34 се од основно и еден од средно. Бројот на наставници позитивни на ковид-19 е еден и тој е од основно образование и двајца воспитувачки од градинка, додека во изолација има еден професор од средно образование.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »