Петар Печков
Објавено: среда, 16 февруари 2011
Во поширокиот велешки регион 92 индивидуални земјоделци добија сертификат за органско производство во преод. Тие ќе треба следните пет години да работат на одржување на условите, за да можат потоа да го добијат сертификатот за органски производител.
Најмногу од земјоделците 42 се од општина Чашка, 30 од општина Велес и 20 од општина Градско. Најголемиот дел од органски производители се од областа на сточарството, потоа на житните култури а има и една винарија. Од Агенцијата за поттик на развојот на земјоделието во Велес се задоволни од високиот процент на органски производители во преод, бидејќи од вкупно 300 одобрени во Македонија, една третина се во велешко.
Tweet |