речник контакт

Во велешко нови 25 случаи со ковид-19, оздравени 13

Активни се 392 случаи во велешка Болница хоспитализирани 38 пациенти

Петар Печков

Денес, петок, Министерството за здравство објави дека во велешко  регистрирани се 25 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 13. Или во велешко активни се 392 случаи а досега  од корона вирусот  се заразиле 2.933 лица. Починати oд последиците на ковид заразата во велешко  се 97 лица.


Во велешка Болница хоспитализирани 38 пациенти, од  нив на  Инфективно  31 а на Интерно седум. Од лежечките пациенти  28 се потврдени позитивни,еден е  сомнителен и  девет пациенти се  со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 12 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »