речник контакт

Во велешко регистрирани 79 случаи на ново заразени со ковид-19

Во велешко има активни 505 случаи, 455 се на домашно лекување. На Инфективно одделение има 50 пациенти

Петар Печков

Повторно висока бројка на позитивни со ковид-19 во велешко. Откако изминатите денови имаше опаѓање, денес се регистрирани  79 случаи, има 11 оздравени. Ова се податоците кои ги објави  Центарот за јавно здравје Велес.

Така во велешко има активни 505 случаи а досега биле заразени 920 лица. Од нив 381 лице оздравеле. Денес има регистирано три смртни случаи.

Од активни случаи во Инфективно ce  43,  во ГОБ 8-ми септември еден пациент,  две родилки се на ГАК Скопје,  четворица велешани  во приватна  клиника и  455 на домашно лекување.

На Инфективно одделение од велешка Болница хоспитализирани се 50 пациенти, 43 се потврдено позитивни,  седум сомнителни а 16 лица се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »