Петар Печков
Објавено: петок, 04 јуни 2021
Во Велешко изминатите 24 часа има четворица оздравени пациетни, кои биле позитивни на ковид-19 а нема нов случај. Ова го објави во здравстениот билтен, Инситутот за јавно здравје. По ова активни случаи во велешко се десет.
Вкупно хоспитализирани во велешка Болница се осум пациенти, од кои еден е потврден позитивeн, двајца се сомнителни и пет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти, испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. На Инфективно одделение е згрижен еден пациент а на Интерно седум.
Tweet |