речник контакт

Во велешко само 15 активни случаи на ковид заразата, еден починат пациент

Во Болница се згрижени девет пациенти

Петар Печков

Во велешко само 15 случаи на лица позитивни на ковид-19. Ова е бројката од здравствениот билтен, откако Министерство  за здравство објави дека изминатите 24 часа оздравеле пет пациенти а нема ново заразени. Досега во велешко позитивни на корона вирусот биле 5.468 лица.  

Министерството за здравство објави дека има починато жител на Велес на 80 годишна возраст, кој бил на лекување во скопските клиники, откако ова лице го нема во билтенот на велешка Болница. Тоа е 174 жртва на  последиците од  ковид пандемијата.  

„На кислородна поддршка се четворица пациенти. Испишани  се тројца  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. .

Во велешка Болница хоспитализирани се девет пациенти, од кои тројца  се потврдени позитивни и шест пациенти со негативен тест но се лекуваат од последиците на корона вирусот. На Инфективно одделение се тројца  пациенти а на Интерно шест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »