Петар Печков
Објавено: петок, 09 октомври 2026
Bo водите на езеро Младост нема цијано бактерии а со тоа ниту цијано токсини, покажале резултатите од анализите кои ги изврши Хидробиолошкиот завод (ХБЗ) од Охрид.
Мострите биле земени на 2 септември, од две места на акумилацијата Градска плажа и плажата пред хотел Романтик. Стручните лица од ХБЗ препорачуваат континурана контрола на квалитетот на водата, посебно во периодот кога цутат алгите.
„Во анализираните примероци од овој месец не беше утврдено присуство на цијанобактерии, вклучително и Dolichospermum sp. n Lyngbya sp., кои беа евидентирани претходното колекционирање на материјалот. Со оглед на тоа што во моментот на испитувањето не беа регистрирани цијанобактерии, не се очекува продукција на цијанотоксини од цијанобактериско потекло. Сепак, поради сезонската динамика на Фитопланктонот и можноста за брзи промени при поволни температурни и нутритивни услови, се препорачува продолжено следење на цијанобактериите и цијанотоксините во текот на следната сезона“ – пишува во извештајот на ХБЗ, објавен од Општина Велес.
При фитопланктонската анализа на водата од акумулацијата Младост била евидентирана изразена застапеност на зелените алги, при што доминирал видот Tetroedron minimum. Cо значителна застапеност присутна била и харофитната алга Cosmarium phaseolus, а регистрирано е претсуство и од родот Peridinium sp од групата на динофлагелати.
Пред две години во извештај од септември на ХБЗ беше констатирано дека во водата има присуство на цијанобактерии, по што водата се забрани за капење, полевање и рекреација.
Со новите наоди е отстранета дилемата за присуство на цијанобактерии и цијанотоскини во водата на езеро Младост.
При сите четири мерења на квалитетот на водата на акумулацијата летово, извршени од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес, се бараше токму таква проверка, која досега не била изврешена во Македонија, бидејќи немаше акредитирана лабараторија. Екологистите бараа да се изврши во Нови Сад Војводина или Љубљана Словенија, за сега да се изврши во Хидробиолошкиот завод.
„Водата не смее да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијаноткосини“ – пишува во сите четири извештаи на ЦЗЈ, пред да се објават анализите на ХВЗ.
Анализата на водата од акумулацијата езеро Младост од двете плажи, покажала според микробиолошки индикатори е одлична, а по однос на физичкохемиските параметри присуство на амонијак 4-та класа, 3-та класа по матност и сув остаток, а по однос на останатите испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа.
Летово беше дозволено водата да се користи за полевање на околните пворшини со лозја.
| Tweet |




