речник контакт

Во време на ловостој, рибата се фаќа на црно

Пронајдени 25 мрежи и еден рибокрадец на дело

Петар Печков

Во време на забрана на спортскиот риболов од 15-ти април до 15 мај,  во велешкиот ревир  пронајдени се 25 мрежи за фаќање риба и фатен е еден  рибокрадец. Рибочуварската служба на ЗСР ,,Бабуна,, од Велес, заедно  со ангажираната агенција за обезбедување, изминатиот месец  додека траеше забраната за риболов поради мрестење,  пронашле 25 мрежи за фаќање на риба на повеќе локации, езеро Младост, реката Тополка, Бабуна, вливот на Брегалница во Вардар. Едната од нив била долга 700 метри.

За жал  ниту некој ќе се збогати, ниту ќе се најаде со рибата фатена во време на мрестење. Но затоа се прави голема штета, бидејќи природниот прираст на рибите  ќе се намали. Ако риболовот е рекреација, тој не е начин на збогатување – вели Томе Илиевски, секретар на ЗСР Бабуна од Велес.

Кај пронајдените 25 мрежи  не се пронајдени лица, затоа тие се одземени и наскоро ќе бидат заплени. На лице место, кај селото Уланци покрај Вардар е фатен еден риболовец со неколку килограми риба, и против него надлежниот инспекторат ќе поднесе соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »