Петар Печков
Објавено: недела, 22 март 2026
Во дербито на колото меѓу второпласираниот КМФ Кеги моби и лидерот КМФ Проект, гостите од Јосифово победија со 2:6 сo што на 4 кола пред крајот го решија прашањето за новиот првак. Имаат 13 бода повеќе а до крајот 4 кола, предност која е недостижна за велешани. Во следното коло ново дерби, КМФ Кеги моби гостува кај третопласираниот КМФ Форца.
Победи за екипите на ФК Борец, ФК Превалец и ФК Башкими додека ФК Тополка е поразена во 17 коло од Третата лига Југ.
Лидерот ФК Борец со 4:0 славеше над ФК Млекар од Прилеп. Со истиот резултат ФК Башкими од Горно Јаболчиште во Росоман над 5-то пласираната екипа. Од 4-тите гола три дал Емре Исмаил. И ФК Превалец славеше во гости, во Кривогаштани над ФК Младост со 0:1, со голот на Ристе Станковски. ФК Тополка дома загуби со 3:4 од ФК Венец од неготински Долни дисан, екипа која е трето пласирана.
ФК Борец и натаму е на првото место, има 43 бода, ФК Превалец е втор со 37 и натпревар помалку, ФК Башкими се искачи на 7-то место со 21 бода а ФК Тополка е 10-та со 14 бода. Во следното коло се игра дерби ФК Борец гостува кај третопласираниот ФК Венец, ФК Башкими во Чашка игра со ФК Влазними јуниор од крушевски Пресил кој е 11-ти со 14 бода, ФК Превалец игра со ФК Бучим од крушевско Бучим кој е 8-ми со 15 бода, а ФК Тополка гостува во Прилеп кај четвртопласираната екипа на ФК Ултрас која има 32 бода.
Се одигра второто коло од пролетниот дел на првенството на Општинската фудбалска лига. Во трите натпревари постигнати се следните резултати:
ФК Врановци –ФК Раштани 1:0
ФК Согле – ФК Локомотива 1:2
ФК Младост – ФК Горски 6:2
Слободна беше екипата на ФК Форца нова
ТАБЕЛА
1.ФК ВРАНОВЦИ 8 6 1 1 21:7 19
2. ФК. МЛАДОСТ 8 6 0 2 25:15 18
3. ФК ФОРЦА НОВА 7 4 1 2 21:12 13
4. ФК ЛОКОМОТИВА 8 4 0 4 12:19 12
5. ФК СОГЛЕ 8 3 1 4 10:15 10
6. ФК РАШТАНИ 8 1 1 5 7:19 4
7. ФК ГОРСКИ 7 1 0 6 11:20 3
Во следното коло играат:
ФК Горски – ФК Согле
ФК Локомотива – ФК Врановци
ФК Раштани – ФК Форца нова
Слободна е екипата на ФК Младост
| Tweet |




