Петар Печков
Објавено: недела, 12 септември 2021
Конечно радост и за велешките фудбалери и неговите симпатизери. Во шестото коло од Првата лига, на домашен терен, фудбалерите на ФК Борец кои беа на 10-тото место, славеа со 2:1 над фенерџијата ФК Пелистер од Битола. Претходно велешани забележаа победа на 15-ти август.
Домаќините рано поведоа, уште во 5-тата минута со голот на Аргентинецот Зарате од 15 метри, откосо во 16-тикот. Гостите израмнија во финишот во 43-тата минута , исто така со гол на интернационалец, Ампонсах од Гана, кој сам од 5 метри со глава беше реализатор на идеалната шанса. Со овој резултата се замина на одмор.
Велешани поведуваат во 56-та минута со ефектен гол на младиот Лука Трајковски, од 20-тина метри, но топката погоди некого од гостинските фудбалери и ја затресе мрежата на ФК Пелистер. Во финишот во 84-та минута битолчани има можност да израмнат, но домашниот голман ефектно интервенираше и топката која беше во самиот десен агол од голот, ја исфрли во корнер.
По ова коло ФК Борец се искачи за две места и сега е осми од 12 екипи со седум бода. Во следното коло, недела гостува на ФК Шкупи на Чаир, која е петта но со натпревар помалку.
Tweet |