Петар Печков
Објавено: сабота, 30 ноември 2024
Вчера попладне, петок, велешката полиција , одделот за недозволена трговија со дрога извела акција на претрес на дом на велешанец, поради сомневање за вклученост во трговија со дрога. При претресот во домот, бил пронајден килограм кокаин.
„На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43 год ) и 33 годишната Р.С, двајцата од Велес. При претрес во домот на С.Т.(49 год) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол “зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети“ – соопшти Биљана Ѓаковска, порптарол на СВР Велес.
„Д.С. и Р.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини. Извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”," предвидено по член 215 од КЗ“ - дополни Ѓаковска.
Оваа акција доаѓа ден по смртта на 43 годишен велешанец и претходно пред неколку дена на друг лице, за кои постои сомневање дека се починати од предозираност, при што во дрогата можно е да имало и други додатоци и таа била нечиста.
Tweet |