речник контакт

Во дом на велешанeц пронајдени пиштол и муниција кои ги поседувал без соодвена документација

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок

Петар Печков

Петокот попладнето во дом на велешанец пронајдени пиштол и куршуми, кои лицето ги поседувало без соодветна документација. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 3 април во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, го лишија од слобода Д.М.(48 год) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пиштол „застава М57“ и рамка со седум куршуми, кои ги поседувал без соодветна документација“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

Известен бил  јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »