Петар Печков
Објавено: среда, 18 ноември 2026
Кај жител на кавадаречко село, во неговиот дом пронајдени ловечко оружје и муниција за кои немал соодветена документација. Лицето било приведено. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 17 ноември во 09:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ц.Д.(51) од село Бегниште, кавадаречко. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени ловечки карабин со оптички нишан со пет куршуми, ловечки карабин со четири куршуми, ловечка пушка со пет куршуми, 14 ловечки патрони и шест куршуми без соодветна документација. Ц.Д. бил приведен во полициска станица“ – информираше Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Таа објави уште една информација, оваа поврзана со поседување на марихуана, во возило каде имало три лица, меѓу нив и еден малолетник. За да ја избегнат одговорноста, кесето со дрога го фрлиле низ прозор, откако побегнале од полицијата.
„На 17 октомври во 12:30 часот во населба Превалец во Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од машко лице, во кое имало двајца сопатници, но возачот не го запрел возилото и продолжил со движење. Притоа, еден од сопатниците фрлил марихуана од прозорецот, по што возачот сопрел и лицата се дале во бегство. По кратко биле пронајдени сопатниците во возилото, 15-годишен малолетник и Т.М.(18), двајцата од Велес. Т.М. бил лишен од слобода, а со малолетникот во присуство на родител бил извршен службен разговор. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот“ – соопшти Милевска Ѓеоргиева.
фото МВР
| Tweet |




