Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јули 2024
Вчера утро, понеделник, во кавадаречко село, изгорела штала со бали слама и десет грла говеда. Информацијата е од СВР Велес.
„На 8 јули во 07.55 часот во ОВР Кавадарци, К.Н.(56 год) од село Крушевица, росоманско, пријавил дека во неговата штала во село Крушевица настанал пожар, при што биле опожарени бали детелина и слама и 10 грла добиток. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Пожарот бил локализиран со четири возила и шест пожарникари од ТППЕ Кавадарци.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Tweet |