Петар Печков
Објавено: четврток, 21 март 2019
Средата на 20 март во полициска акција во Велес била контролирана исправноста на возила кои вршат јавен превоз.
Полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници -автобуси и такси возила на подрачјето на СВР Велес. Притоа, биле контролирани вкупно 56 возила и било констатирано дека девет биле неисправни. Во Велес, од контролираните 36 возила, неисправни биле пет. Во Кавадарци, од контролираните 12 возила, неисправни биле четири и во Неготино, сите осум контролирани возила биле исправни -пишува во информацијата на МВР.
Tweet |