Петар Печков
Објавено: недела, 05 ноември 2023
Уште една успешна крводарителска акција по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес организирана од Мото клубот Носачи на крстот. Таа се организира 16 година по ред, со тоа што последните три години има и пролетни акции, или вкупно се организирани 19.
На денешната акција беа донирани 166 крвни единици. Акцијата заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст Велес, Мото клубот Носачи на крстот и Општина Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина помогнати од Театар Џинот.
На оваа крводарителска акција се приклучи и градоначалникот Марко Колев, кој е долгогодишен дарител.
„Крвта значи здравје и живот, а дарувањето крв прави секој од нас да има привилегија да спаси живот“ - порача Колев.
На платото пред театарот се одржа забава на која настапи групата D Chicks.
Tweet |