Петар Печков
Објавено: петок, 18 февруари 2022
Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ се одржа крводарителска акција. Таа е прва од трите планирани во оваа институција годинава. Припадниците на армијата, војниците, старешините и вработените во АРМ, во голем број даруваа на крводарителската акција која се одржа по повод 30 години од нејзиното формирање.
„Припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа нивната хуманост. За прв пат даруваа и станаа крводарители 21-но лице. Тие се дел од вкупно 56 војници, старешини и вработени во велешката касарна кои денеска дојдоа на акцијата“- кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен Крст Велес.
Како и вообичаено за реализацијата на сите акции заеднички придонесуваат Црвен крст - Општинска организација Велес и Институтот за транасфузиона медицина од Скопје.
Tweet |