Петар Печков
Објавено: вторник, 24 март 2026
Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“се одржа традиционалната крводарителска акција. Вкупно беа дарувани 48 крвни единици, од кои 12 лица даруваа крв за прв пат.
Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата.
Крводарителскта акцијаа беше реализирана од Општинската организција на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина.
Во велешката касарна годинашно се организираат по три крводарителски акции, годинава остануваат уште две.
фото ОО Црвен крст Велес
| Tweet |




