речник контакт

Во лето регистpирано загадување на воздухот со ПМ 10 честички, незабележано досега

Вредностите на ЅО2 и СО не се така високи. ПМ10 честичките со високи вредности и во други градови од земјава, надлежните се сомневаат на топлотниот бран од Сахара кој донел прашина

Петар Печков

Изминатата седмица,  од седум во пет дена во Велс беа измерени повисоки вредности на ПМ10 честички во воздухот. Вакво нешто ен се помни дека се случило среде лето.  Највисока вредност е измерена во средата кога изнесувала  77 микро-грами на м3.

Ова се вредности кои ги покажува апаратот на Министерството за животна средина. Но освен повисоки вредности на ПМ 10 честичките, другите во истиот период се ниски, тоа се однесува на ЦО и СО2. Тоа уште повеќе ја збунува јавноста  во градот.

Но не само во Велс, ПМ 10- честичките во вредност над дозволените имаше и во  Кавадарци, Гостивар, Карпош, Тетово, Кичево, Куманово, Битола,Кочани, Струмица..

Или во цела Македонија. Големата концентрација на прашина во воздухот делува неповолно на здравјето на граѓаните. Збунети се и во Државниот инспекторат за животна средина.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска, за Дојче Веле, објасни дека тоа е резулат најверојатно на топлотниот бран којшто ја зафати земјата и енормната количина на прашина којашто се чувствува во воздухот.

„На пример во Кочани се забележуваат многу високи вредности, загадување какво што не е забележано ниту кога се палат стрништа. Очигледно е дека ова не е локален проблем, туку е резултат на бранот од Сахара“, вели Петровска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »