речник контакт

Во март месец девет заболени од мали сипаници во Велес

Повеќето се возрасни, кои работат во Скопје

Петар Печков

Во месец март во Велес биле забележани девет случаи на мали сипаници, а од почетокот на годинава вкупниот број е тринаесет лица. Последната седмица од март заболени биле двајца велешани. 

Најголемиот број на заболени лица се родени 75-та до 78-ма и сите се на работа во Скопје. Или може да се каже дека во Велес морбилите ги увезовме од главниот град. Добро е што не се јавија малите сипаници кај деца кои не се вакцинирани или имаат примено една вакцина - изјави сци. епидемиолог д-р Билјана Трајкова.  

Taa потсети дека  со задолжителна вакцинација е започнато во 1973-та а со по две дози вакцината против морбилите започна да се применува од 1987-ма година. Затоа од девет случаи во март пет биле невакцинирани а три примиле една доза. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »