Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2026
Премиера, едно гостување во Велес и шест претстави се на репертоарот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Премиерата на претставата „Тестостерон“ е закажана за 27 март, светски ден на театарот, која ќе се одигра и следниот ден. Гостувањето е на детската претстава „Чудесниот напиток“ на театарот Златен елец. Авторска приказна за еден чудесен ден на младите волшебници, инспирирана од познатите серии книги и филмови за училиштето за магии.
Од матичната сцена се играат претставите „Не можеме да платиме, нема да платиме“ во три наврати 10-ти, 14-ти и 18-ти март, во два наврати „Мало невино убиство“ на12-ти и 17-ти март и по еднаш „Синиот портокал“ на 5 март четврток, „Госпоѓа министерка“ на 6-ти март -петок, „Вечера за глупаци“ на 13 март петок и „Мајка“ утревечер вторник 3-ти март.
| Tweet |




