речник контакт

Во околината на Бузлаково уапсено лице како товара дрва за огрев без валидна документација

Дрвата, тракторот, корпата и една моторна пила биле одземени

Петар Печков

Во околината на Бузалково, во средата попладне, велешката полиција открила лице  како товара и складира исечени дрва, без легална документација. СВР Велес со детали за настанот.

„На 1 ноември  околу 15 часот во атар на Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес и Полициското одделение Чашка го привеле А.А. (67 год) од село Бузалково. Тој бил затекнат како во корпа прикачена на трактор „имт“ без регистарски ознаки товара исечени огревни дрва без документација. Дрвата, тракторот, корпата и една моторна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес за понатамошна постапка“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВ Велес.

По целосно документирање на случајот,полицијата  против лицето ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »