речник контакт

Во оптек новите монети од 10 и 50 денари

Народната банка на Македонија ги пушти во оптек новите монети во апоени од 10 и 50 денари.

Петар Печков

Народната банка на Македонија ги пушти во оптек новите монети во апоени од 10 и 50 денари. Со тоа, во платниот промет во земјава како платежно средство, освен кованиците од 1, 2 и 5 денари, веќе функционираат и монетите од 10 и 50 денари, кои до сега беа само книжни пари. Банкнотите од 10 и 50 денари ќе се користат паралелно со новите кованици и сукцесивно со нивното оштетување ќе бидат повлекувани од оптек.

За оваа операција Народната банка се подготвуваше неколку месеци. Подготвено е доволно количество на новите кованици кои од денеска се достапни на сите банки за да можат да ги требуваат. Новите кованици ги имаат истите обележја како што веќе ги имаат банкнотите, односно торзото на божицата Изида од втори век п.н.е. и мозаик на паун од шести век на 10 денарките и на 50 денарките Св. Пантелејмон главен капител Скопје и Архангел Гаврил од Св. Ѓорѓи - Курбиново од 12 век .

Одлуката за замена на банкнотите од 10 и 50 денари со монети со иста вредност е донесена врз основа на анализа на досегашните трошоци на Народна банка за издавање книжни пари. Банкнотите од 10 и 50 денари, според НБРМ, учествуваат со 52 проценти од вкупниот број на банкноти во оптек и имаат рок на траење од само една до 1,5 година. Годишниот трошок за нивното печатење изнесува околу 20 милиони денари. Со издавањето на кованите пари од 10 и 50 денари, чиј период на користење ќе биде значително подолг, според пресметките на НБРМ, годишната заштеда би изнесувала од 11 до 12 милиони денари.

Монетите се изработуваат во Централната банка, каде пред три години е преселена машината за ковање на денарите - Шулер, откако фабриката Сувенир во Самоков, која беше единствена ковачница на железните македонски пари, отиде во стечај.

Банкнотите од 10, 50 и од 100 денари сега ги печати прилепската печатница „11 Октомври“. Книжните пари во апоени од 5.000, 1.000 и 500 денари се печатат во печатницата на лондонската компанија Деларуе на Малта.

Кованите монети во оптек се надоместуваат на секои две до три години

\"\"
10 Денари
Издание 2008
Диjам. 24,5 мм;Теж. 6,6 г
Гравиран Паун - мозаик од Стоби - VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари.


\"\"
50 Денари
Издание 2008
Дијам. 26,5 мм; Теж. 7,7 г
Гравиран лик на Архангел Гаврил -фреска од црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново - XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »