Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2013
Со продолжениот рок, петок на полноќ заврши можноста за кандидирање на градоначалници и листи за Совети за локалните избори кои се закажани за 24 март. Овој рок го искористи СДСМ и за сите четири општини во велешко понудија свои кандидати за градоначалник и листа за Совет.
Во Велес тоа е Аце Коцевски. Тој ќе биде во трката за градоначалник заедно со Марјан Спасовски СДУ, Славчо Чадиев ВМРО-ДПМНЕ , Тања Петровска од СДПМ, како исто така дополнително предложениот Горан Мишков од Сојуз на Титови леви сили. Листа за советници претходно доставија и ВМРО-ДПМНЕ со 19 коалициони партнери, ДОМ, ДПА, ДУИ, СДУ и Сојуз на Титови леви сили а од вечерва и СДСМ.
Во Градско кандидат на СДСМ е Љупче Иванов а претходно беа пријавени: Жанета Чаушевска ВМРО-ДПМНЕ, Перо Кузмановски од СДУ и Наташа Лазарова од СДПМ. Во оваа општина имаше само една советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ а сега тие добија конкуренција во СДСМ.
Во Лозово кандидат на СДСМ е Ацо Велковски кој е во друштво со претходно пријавените: тројца независни кандидати Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Цветековски . До тамошната ОИК поднесени беа осум листи за советници, пет независни и од ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и НДМ, плус сега од СДСМ.
Во Чашка кандидат на СДСМ е единствената жена во велешко Марина Андова која е во борба за гласови заедно со претходно пријавените: Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ, независниот Дејан Ангеловски и Сања Димовска од СДУ. Имаше седум листи за советници, една независна и шест од партии НДМ, ДОМ, ДУИ, НДП, ДПА и ВМРО – ДПМНЕ, и од вечерва листата на СДСМ.
Новите кандидати теба да ги потврди ДИК но и комисијата за лустрирање, по што тие ќе бидат и официјални.
Tweet |