Петар Печков
Објавено: четврток, 07 јули 2016
По првиот уписен рок, во прва година учебната 2016/7 во велешките средни училишта пополнети се 405 места од 1088-те колку што беше планирано да се запишат. Тоа е помалку и од половината места планирани за упис. Во сите четири средни училишта во градот има слободни места, па дури и во најатрактивните кои претходните години се пополнуваа уште по првиот уписен рок.
Во Велес предвидено се 32 паралелки а има место за 1088 ученика. Дополнително во градот работат и две паралелки во спортската академија за отсек фудбал и ракомет, но тие се истурени под скопската спортска Гимназија.
Причината за вака нискиот број на запишани ученици е што оваа генерација завршени деветто одделенци беше прва кој стартуваше чисто како шест годишници. Кај нив беше направен пресек во однос на стартот на уписот во однос на годината на раѓање и затоа е бројката ниска – вели просветен работник.
Тој е долги години во образованието во градот и додава дека вака мал број на запишани ученици, во прва година средно, не се памети.
Така во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, има примено 92 ученика од кои само 8 во албанската паралелка, а имаше 238 слободни места во 7 паралелки. Најмногу интерес има за стручното училиште ,,Коле Неделкоски,, каде се приемни 137 ученици а слободни се 408 места во 12 паралелки. Во средното Економско училиште ,,Јовче Тесличков,, примени се 75 завршени основци а слободни места беа 204 во 6 паралелки. Во Хемиското училиште ,,Димитрие Чуповски,, а примени се 101 ученик во прва а имаше 238 слободни места во 7 паралелки.
Во сите училишта имаше одбиено ученици, поради послаб просек и за нив иако се малкумина, следната шанса е вториот уписен рок, при крајот на август.
Tweet |