Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јули 2024
Во текот на средата по полноќ. Во близина на Гевгелија, по сообраќајка во која учествувале два камиони, еден од возачите подлегнал на тешките повреди со кој се здобил и починал. Деталите од информацијата на МВР.
„На 3 јули во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35 год) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А. (26 год) од село Стојаково, општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт. С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија“ – соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, и спроведената истрага ќе биде позната причината за сообраќајката, со една жртва.
Tweet |