Петар Печков
Објавено: четврток, 20 октомври 2022
Во тек е вакцинацијата за сезонски грип. Одѕивот во ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес за бесплатната вакцинација е голем. Освен лица кои имаа закажано термин, имаше и голем број на граѓани кои бараа информации како да се вакцинираат бесплатно, оти матичните доктори одбиле да ги регистрираат за термин, преку вакцинација.мк.
„Бев кај матичниот, ми рече дека тој нема обврска и ќе треба некој од домашните или јас да се пријавам. Дојдов тука да прашам дали може да примам вакцина или мора да сум пријавен“ - вели велешанец, кој со години примал вакцина за сезонски грип и тој и сопругата.
„Мене нема кој да ме пријави, ниту имам дома интернет, имам обичен телефон и сега што да правам. А сакам да е вакцинира. матичниот одбива“ - вели велешанка лице на возраст над 65 години.
Од Министерството за здравство соопштија дека испратиле допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.
Претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р- Лили Чолакова Дервишова негира дека добиле таква обврска.
„Немаме добиено никаков допис, пизмен документ, ниту имаме обврска да ги пријавуваме пациентите за вакцинација за сезонски грип. И така дневно во просек имаме по 120 прегледи, така што доколку и ова го работиме ќе биде премногу“ - вели д-р- Чолакова Дервишова.
Наспроти тоа лицата кои се бесплатно се вакцинира, при контролата од службите, беа пријавени од нивните матични доктори по име и презиме на лекарот.
Во Центарот за Јавно Здравје Велес во тек е и комерцијалната вакцинација против сезонски грип. Добиени се 400 вакцини за Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе . Тоа е бројка помала од лани, оти минатата година останеле дел од вакцината и немало голем интерес за комерцијалната. Таа е со иста цена како и претходната година 800 денари.
И бесплатната и комерцијалната вакцина годинава се од ист производител. Тоа е четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот „Абот“ од Холандија. Министерството набавило 40 илјади бесплатни вакцини против сезонски грип.
Tweet |