речник контакт

Во третата вонредна крводарителска акција собрани 37 крвни единици

Во акцијата осум жени биле дарители и 29 мажи, првократни дарители имало три лица

Петар Печков

Во третата  вонредна крводарителска акција годинава, одржана денес, собрани се 37 крвни единици. Тоа е во рамките на очекуваните и планирани 40, вели Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес, која беше организатор на акцијата,заедно со Институтор за трансфузиона медицина од Скопје. Во акцијата  осум жени биле дарители и 29 мажи, првократни дарители имало три лица.  

Поради вонредната состојба во Државата, кога  има ниско ниво на залихи со крвни единици, се одржа оваа трета вонредна кровдарителска акција. Претходните две се одржаа во средината на април и мај и се собраа п ист број, по   63 крвни единици. Денешната како и двете претходни се одржаа во Ликовниот салон. 

Состојбата со крводарувањето се стабилизира во месец мај кога се собраа 261 крвна единица. Во април беше далеку од просек со само 122 крвни единици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »