речник контакт

Во третата сезона од одбојкарската лига на ветерани ОК Борец започна со победа

ОК Борец - ОК Скопје 2:0

Петар Печков

Со победа стартуваа одбојкарите ветерани на ОК Борец во новата сезона, трета по ред  на Државното првенство. Тие   во спортската сала 26 април во Гевгелија победија над ОК Скопје со 2:0 (28, 19).   Тоа бил возбудлив и интересен натпревар, посебно првиот сет, кој го предизвикал вниманието ан гледачите и колегите од другите екипи. По неговото завршување имало долг аплауз за борбеноста и прикажаната игра на двете кипи. Вториот сет велешани го добиле  полесно, скопјани стигнале до 19 со што се освоени првите два бода. 

Одбојкарите на ОК Борец ветерани се двократни освојувачи на титулата првак на Државната одбојкарска лига, која се игра како дел до натпреварите на Одбојкарската федерација на Македонија.

Во ова прво коло постигнати се следните резултати
Прилеп- Гевгелија 2:1
Шкендија – Тетово 2:0
Слободна  беше екипата на Струмица

Следното коло се игра следниот  викенд во Тетово, домаќин е Шкендија.
Тетово - Борец
Гевгелија – Шкендија
Струмица – Прилеп
Слободна е екипата на Скопје

Бидејќи овој викенд одбојкарите на ОК Борец играат на турнир во Соко бања, Србија, натпреварот со Тетово ќе го одиграат дополнително, во договор со двете екипи.

фото ОК Борец ветерани

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »