Петар Печков
Објавено: вторник, 28 февруари 2017
Според планот за упис во наредната учебна година, 2017/18 година во четирите средни училишта во Велес има 1.054 места. Тој е доставен до Министерството за образование и наука, кое го распишува конкурсот за упис.
Со него за следната учебна година се планира да се запишат во прва година 1054 ученици во 31 паралелки од кои 30 на македонски наставен јазик и 1 паралелка на албански наставен јазик. Во Гимназијата бројката е 238 ученика, во Коле Неделковски е 340, во Димитрија Чупоски 238 и во Економското Јовче Тесличков 238 ученици.
Локалните власти овие бројки ги темелат на: просторни услови, соодветност на наставниот кадар, опременоста со нагледни средства, како и интересот и потребите на учениците,високо- образовните институции и работните организации.
Истовремено во општинските основни училишта во велешко оваа година учат вкупно 499 деветоодделенци, од кои настава на македонски наставен јазик следат 463 ученици и 36 ученици на албански наставен јазик. Локалните власти очекуваат во велешките средни да се запишат и деветтоодделенци од соседните општини Градско, Чашка и Лозово.
Споредбено со тековната учебна година, се планира помал број слободни места и тоа 68 помалку и сите во Гимназијата, каде досега се запишуваа 306 ученици а од есен ќе има 238 места или два класа помалку. Утешно е што зголемен е бројот на деветто одделенци кои завршуваат 499, спроти ланските 354.
Tweet |