речник контакт

Во јуни и јули на Криволак ќе се одржи најголемата воена вежба досега на тлото на Македонија со 2,5 илјади НАТО војници од шест земји

Ќе учествуваат армиите на Македонија, САД, Литванија, Бугарија, Црна Гора, Албанија

Петар Печков

Во средината на летото, ќе се одржи најголемата воена вежба во  самостојна Македонија. На неа ќе учествуваат 2,5 илјади војници на шест членки на НАТО. Ова го најави полковник Љубенчо Петровски командант на Командата за обука и доктрина(КОД),  која раководи со полигонот Криволак, каде вежбата  ќе се изведува.

Командата за обука и доктрина е активно вклучена во подготовките за реализација на мултинационална воена вежба ,,Одлучен удар,, која ќе се реализира од  5-ти јуни до 10-ти јули годинава. Тоа е  најголема организирана вежба  во Македонија досега. Ова ќе биде огромна можност за етаблирање и брендирање на полигонот Криволак како  полигон за вежби во меѓународни рамки - кажа  полковник Петровски на одбележувањето ан 15 април, денот на КОД.   

На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2.000 припадници на ARM, и активно учество на 2.000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила, се вели во соопштението од владината прес-служба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »