Петар Печков
Објавено: сабота, 23 март 2019
Во големата пролетна акција на чистење на градот, четврта за година и половина, денес беа собрани 128 м3 отпад. Се чистеше подрачјето - зелениот појас околу Топилницата. Учествуваа повеќе од стотина вработени во локалната власт, општинските институции Музеј и Библиотека, училиштата, помал број членови на Советот и од ЈКП Дервен. Акцијата беше насловена ,,Ден на пролетта, ден на екологијата,,.
Акцијата се организираше во близина на Топилницата со цел да се уреди парк шумата која е првиот заштитен појас од загадувањето. Изминатиот период вработените на ЈКП Дервен активно работеа на повеќе локации па два пати го чистеа Дервенскиот поток, два пати крајбрежјето на Езеро Младост, банкините на Битолска пруга. Тоа зборува дека наместо количеството отпад да се намалува тоа се зголемува. Апелирам до нашите сограѓани да го чуваат градот отпадот да го фрлаат во кантите за отпади, мора да има личен пример за да внимаваме на живеење во урбана средина - рече градоначалникот Аце Коцевски.
Тој се заблагодари на учеството на Здружението на граѓани ,,Акцијаш,, и на волонтерите од Општинскиот Црвен крст како и до компаниите „Евроинженеринг“, „Тргоцемент“ и „Изгрев Инженеринг“ кои помогнаа со своја механизација. Заклучно со вчерашниот ден, во првите три месеци од годинава, вработените на ЈКП „Дервен“ собраа 105 м3 отпад.
Tweet |