речник контакт

Во 6 коло на Општинската фудбалска лига, три одиграни натпреври

По поразот дома од ФК Вардар од Неготино, ФК Борец без тренер

Петар Печков

Се одигра шестото коло од Општинската фудбалска лига, со само три натпревари, откако ФК Бабуна и ФК Согле се откажаа, па лигата од десет остана на осум екипи.

ФК Младост – ФК Тополка 0 : 2
ФК Бузалкова – ФК Локомотива 3 : 4  (најавена жалба од страна на ФК Бузалкова)
ФК Врановци – ФК  Горски 1: 1
Слободни  беа екипите на ФК Форца нова и ФК Чашка
                 Т  А  Б  Е  Л  А
 1.  ФК ГОРСКИ           5      3       2    0        11:7     11
 2. ФК ТОПОЛКА         4      3       1     0        8:3      10
 3. ФК ЛОКОМОТИВА  5      3       0     2       14:13     9
 4.ФК ВРАНОВЦИ        4      2      2     0        10:5       8
 5. ФКФОРЦА НОВА    5      2      0      3      10:10      6
 6. ФК БУЗАЛКОВА      4      1      0      3       7:10       3
 7. ФК ЧАШКА 2022    4      1      0      3        3:9        3
 8. ФК МЛАДОСТ 1976 5     0     1      4         7:13      1

Во седмото коло играат:
ФК Форца нова – ФК Младост
ФК Горски – ФК Чашка
ФК Локомотива – ФК Врановци
ФК Тополка – ФК Бузалкова

По поразот од 1:2  на домашен терен од екипата на ФК Вардар Неготино , која е исто така од долниот дел на табелата на Втора лига,  ФК Борец и тренерот ја раскинаа соработката.  

„Управата на ФК Борец 1919 и шефот на стручниот штаб Даниел Стојановски спогодбено се договорија за прекин на соработката. ФК Борец 1919 му благодари за досегашниот аганжман и му посакува успех во понатамошните тренерски води“- соопштија од клубот на нивната ФБ страница. Тоа се случи неделата попладне,а а24 часа потоа нема информација кој ќе седи на тренерската клупа на велешкиот второлигаш, кој е претпоследен на табелата 15 со само пет бода.

фото ФБ/ФК Тополка

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »