Петар Печков
Објавено: четврток, 03 септември 2026
На 2 септември во 19:10 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешка телесна повреда за укажување лекарска помош дошла Љ.П.(61 год) од Велес. Според пријавеното, таа се здобила со повредата додека извршувала работни задачи во Шумско стопанство во близина на село Плевење, општина Чашка. Известени биле јавен обвинител и трудов инспектор. Според информацијата од велешка болница пациентот се јавил ден подоцна откако бил пoвреден и била констатирана скршеница на палец од нога и бил испратен на домашно лекување.
На 2 септември во 10:12 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес во своето возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, бил пронајден починат К.К.(59 год) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 2 септември во СВР Велес, полициски службеници извршија службен разговор со 17- годишен малолетник од Велес во присуство на родител. Претходно, на улица „Алексо Демниевски“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот ги управувал пред да се стекне со право на управување. Мопедот бил одземен.
На 1 септември во 10:00 часот на улица „11 Октомври“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движи во спротивна насока, а возачот кога ги забележал полициските службеници го паркирал мопедот и побегнал. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал 14-годишен малолетник од Велес. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Велес. Мопедот бил одземен.
| Tweet |




