речник контакт

Вработените од Колска еден месец по дома

Бидјеќи нема работа, 150 вработени ќе седат дома а ќе земат плата во висина од 90 отсто на претходно исплатената

Петар Печков

Еден месец на принуден одмор се 150-тина вработени во велешката Фабрика за шински возила ,,Колска,,. Причина според вработените е што немале работа, па во договор со директорот на фабриката се договириле да не доаѓаат на работа. Ќе земаат плата во висина од 90 отсто од претходно примената.

  Според директорот на Колска,  Александар Атанасов, ова е најдоброто решение и по фабриката и по вработените и дека се нашле во вакум простор. Најави дека за еден месец ќе потпише договори, со кој ќе се обезбеди работа, во единствената фабрика за поправка на шински возила во земјава.  Нема одговор на прашањето зошто иако имало договор, на стигнале на поправка вагони, кои требало да се работат овој месец.

Ако за еден месец директорот не обезбеди работа, вработените најавуваат синдикални реакции. Иако имаше обиди Колска да се продаде, немаше заинтересирани, кои иако доаѓаа во фабриката си заминуваа без да се јават на тендерите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »