речник контакт

Вработените од поранешен ФЕНИ цела недела го блокираат регионалниот пат Градско - Прилеп, оти не добиле поврат на ДДВ, па да земат плата

Вкупно УЈП им должела 2,3 милиони евра

Петар Печков

Цела недела вработените од „Еуроникел индустри“ од Кавадарци  протестираат на регионалниот пат Градско - Прилеп. Во траење од три часа, сообраќајот кон Прилеп и Битола во овој период е блокиран кај Дреново.  Вработените во поранешен Фени на овој начин го искажуваат нивниот револт, што нема поврат на ДДВ, средства кои комбинатот ги уплатил уште во август. Со повратокот на парите, тие очекуваат исплата на плата за месец октомври.

„Од овој месец, декември сме без здравствено осигурување и ние и нашите фамилии.  Нашите молби, писма никој не ги слуша, не ги чита. Предупредуваме какви последици може да има, но за жал немаме никаков повратен одговор од никого во Влада. Ние ја браниме фирмата, сакаме таа да опстане. Но не чуди молкот од другата страна, од државните институции. Да потсетам кога работевме обезбедуваме 8 до 10 отсто од БНП. Било како било, ние бараме одговор зошто не се пушта ДДВ“ - кажа Миле Ѓоргиев, претседатела на синдракот од  „Еуроникел индустри“ .  

Компанијата вработува 800 вработени а посредно уште 200 кооперанти работат со неа. Пред некој ден потпишан бил документот за повраток на ДДВ за месец септември. Така вкупно УЈП им должела 2,3 милиони евра.   Со овие при вработените велат дека може д а се исплатат двете плати за октомври и ноември.    Негираат дека имаат некаков долг кон УЈП, поради што не им севраќаат овие средства.

„Двата документи УЈП ги потпишала без никакви забелешки. Имало некакви  забелешки за лани и прек лан. Ако е така што се работело тогаш, па сега да се одразува врз нас. Зошто тогаш се молчело, зошто се чекало. Од нашата финансова служба велат дека сме во целост во право, нема долг, но стравуваме зошто УЈП не сака да ги пушти.   Останува впечатокот дека државата не сака да ни помогне. Дали се надеваат дека ќе пропаднеме и тогаш 2,3 милиони евра ќе останат во буџетот и ќе ги пренаменат за друго“ - додаде Ѓорѓиев.

Размислуваат ако молкот продолжи, тогаш тие да протестираат во Скопје, пред Влада, чекајќи одговор дали и кога ќе им биде вратен ДДВ што законски им следи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »