речник контакт

Вработени во Дервен ќареле на погребална опрема

Полицијата против три лица поднесе кривични пријави. Претпријатието со штета од 1,8 милиони денари

Петар Печков

СВР  Велес поднесе кривични пријави против  три лица поранешни и сегашни вработени во ЈКП Дервен.  Против И.Б.(65) дека  сторил кривично дело „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ додека  Ќ.Н.(55) и Љ.В.(57) сите од Велес, поради основи за сомнение дека  сториле кривично дело „несовесно работење“ и „фаслификување или уништување деловни книги“ .

Според пријавата И.Б. додека работел како продавач на погребална опрема во ЈКП „Дервен“, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист присвоил пари од продадена погребална опрема. Тој  опремата во пописната листа од 31 декември 2012година ја пријавил како затекната во продавницата, а Ќ.Н. и Љ.В.  како претседател и член на пописна комисија ги потпишале пописните листи без да бројат и попишуваат, со што му овозможиле на  колегата да се стекне со противправна имотна корист а на штета на ЈКП Дервен во износ од 1, 837  милиони  денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »