Петар Печков
Објавено: петок, 08 февруари 2019
По излетувањето на товарниот воз кај железничка станица Рајко Жинзиров на 29 јануари околу 17ч. денес патничкиот сообраќај се враќа по старо.
Двата патнички воза кои беа времено укинати од Скопје за Велес повторно возат, тој во 6,11 наутро и 22,33 навечер, додека од Велес за Скопје повторно сообраќај патничкиот воз во 5,03ч.
Додека пак патнички возови од Скопје за Гевгелија сообраќаа до Велес со дизел локомотива а во Велес патниците се рпефрлаа во електро возови.
Во овој период извршена е санација на инфраструктурата постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптичкиот кабел. Се уште нема информација колку пари ги чинеше паднатата карпа двете МЖ инфраструктура и транспорт.
Tweet |