Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 ноември 2015
Актерката Милица Стојанова, ја доби наградата за животно дело Петре Прличко. Таа е во вредност од 30 илјади денари, доби и плакета со ликот на Прличко а актерите на велешкиот театар во нејзина чест ја одиграа претставата ,,Спанаќ со пржени компири,,. Стојанова беше пресреќна од добиеното признание и со три пати благодарам, на сцената го искажа нејзиното задоволство.
Имав задоволство да играм со Прличко, да настапувам во претстава која е во негова режија. Тоа е драгоцено искуство кое не се плаќа - изјави Стојанова.
Таа е родена 1932-ра а иако е во е во пензија од 1992-та, објаснува дека тоа е само административно. Стојанова и натаму е присутна на театарски штици, пред камерите. Последна театарска ролја е во ,,Алма Малер,,
Во нејзината биографија има запишано дека настапува во 33 претстави на МНТ, 52 во Драмски, 9 гостувања во други театри, во 26 ТВ драми на МТВ, во 16 ТВ серии и во десет играни филмови, меѓу нив ,,Мирно лето,, Пред дождот,, Исправи се Делфина,, ,,Среќна нова, Тетовирање, ,,Деца на сонцето,, .
Откако е пензионирана има играно во 14 театарски претстави. Добитник е наградата 11-ти Октомври и на награда на Стеријно позорје во Нови Сад.
Tweet |