речник контакт

Врачени наградите за 9-ти Ноември денот на Општината за 2018-та

Денес по толку години, кога живееме во време на сомнителни вредности, жртвата на борците треба да бидат инспирација, морална вертикала - кажа Коцевски

Петар Печков

На свечена седница одржана во  народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“  беа доделени највисоките општински  награди и признанија на поединци, организации и компании. Тие со својата работа  придонеле  за развојот и афирмацијата на Велес во изминатава година.

На почетокот од седницата градоначалникот најави кои проекти следната година ќе бидат приоритет за градот.  Стратегијата за паметен град, Планот за одржлива урбана мобилност, развојот на инфраструктурата, училиштата, развојот на езерото Младост како атрактивна транзитна дестинација.

Коцевски се заблагодари за жртвите на борците кои ги дадоа своите живото за денешната слобода.

Многу од борците , претежно млади луѓе, не дочекаа да и се израдуваат на слободата.  Тие го жртвуваа највредното, своите млади животи.  Тие и денес по толку години , кога живееме во  време на сомнителни вредности  треба да бидат инспирација, морална вертикала, патоказ, пример за храброст, визионерство, прогресивност, како да се  бориме за својата земја, како да се бранат идеалите, слобода, независност, рамноправност - кажа Коцевски.    

Годинава награда за животно дело „Гемиџии“ му беше доделена на др. Венцислав Грабулов, научник, истражувач и универзитетски професор во областа на металните материјали. Тој живее и работи во Белград Србија.  

На свечената академија беше доделена наградата најстудент „др. Георги Шоптрајанов“ на студентката  на четврта година по медицина Тамара Савевска со просек 9,91.

Признание за натпросечните знаења за својата возраст доби 8 годишниот Христијан Аросв, кој има  IQ 145.

На годинешните добитници им беа доделени 9-то ноемвриските признанија:

Спомен плакета „9-ти Ноември“  добија  Здружение за хумано домување  Хабитат- Македонија, Друштвото за производство, трговија и услуги ДООЕЛ „Жито увоз извоз“ 

, ликовниот уметник Војко Јаневски,  Д-р Љиља Поцкова,  Службата за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца, ОУ „Благој Кирков“, Кирил Вангелов, Организација на жени на Општина Велес и поетот и писател  Игор Крајчев

Благодарница „9-ти Ноември“  беа врачени на Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност и Здружение на граѓани „Велес Бајкинг“

Пофалница „9-ти Ноември“  добија Група млади организатори на настанот „Мовембер“,  СПД „Зелен рај“ , велосипедистите  рекреативци Дејан Митров и Коста Тахов и учениците: Љубица Филипова, Теодор Анѓелески, Бојан Димовски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »